дома енергетската приказна климатски промени видео материјал веб страници статистика работење со енергија Flash books анимации

Енергетската приказна

boy with world in hands

 

Биди Херој во Енергетската приказна!

 

Енергијата е важна приказна во Европа сега – а ти си во главната улога!

 

Толку е лесно – само со исклучување на светилките и електричната опрема можете да помогнете во борбата за намалување на климатските промени и да ја заштедите енергијата на Европа за иднината.

 

Во моментов сигурно размислувате, зошто пак јас да се мачам? Една мала светилка сигурно нема да го промени светот. Па, само помислете...

 

Пресметајте набрзина...

 

Една светилка од 100W за едночасовна работа секојдневно троши 36,5 kWh енергија годишно. Во Европа има 75 милиони тинејџери. Ако сите ние исклучиме една светилка по еден час дневно – тое е еднакво 36,5 x 75 милиони = 2738 милиони kWh заштедена енергија.

 

Ова ќе спречи ослободување на 1.37 милиони тони јаглерод во атмосферата – количество кое што го прозведува една мала електрана (150 MWe).

 

Значи, Вие навистина можете бидете херој во Вашата Енергетска приказна!

 

Приказната не завршува тука

 

Исклучување на светилките е добар почеток. Но има уште многу други начини на кои што Вие можете да помогнете да ја заштедиме енергијата на планетата за иднината.

girl points at CFL bulb

 

Енергетски ефикасните светилките трошат една петтина помалку енерија од традиционалните светилки, и траат осум пати подолго. Тие чинат повеќе, но всушност штедат пари бидејќи се ефикасни. Охрабрете ги Вашите училиште, семејство и пријатели да ја купат светилки и направат промена!

 

Кусо туширање

 

Практикувајте куси туширања наместо долго бањање тоа ќе помогне да се заштеди енергија и вода. На патките можеби нема да им се допадне. Но со секое обилно капење, се забрзува глобалното затоплување.

toy duck

Исклучете ги!

 

Шест отсто од енергијата во Европа ја трошат електичните апарати кога се во „standby“ режим. Кога е запалено црвено светло сеуште се троши енергија! Затоа запаметете секогаш да го исклучите апаратот од прекинувачот како што се Playstation, CD плеери и сметачи!

switching off socket

 

Користете сончева енергија

 

Лесно е да се вклучи греење или сушара, а често забораваме дека во нашата градина има брилијантен извор на енергија. Секогаш кога е можно сушете ги алиштата на природен начин. Во сончевите зимски денови, исклучете го термостатот и отворете ги завесите. Сончевата енергија ќе зрачи топлина во просторијата и ќе ја стопли куќата бесплатно!

 

clothes on line

 

Ова се само неколку едноставни примери за преземање Енергетски активности и допринос кон зачувување на ресурсите на Европа за Вашата иднина.

 

Има многу мерки што може да се применат за да се заштеди енергија. Погледајте ги нашите видео материјали, веб страници и фотографии за повеќе идеи.

 

 

 

 

e - картички

Одбери дизајн и испрати на пријател.

Зона на игри

Тестирај ги своите вештини со online игрите ширум земјината топка.

Фотографии

Прегледај ја твојата БЕСПЛАТНА фото галерија на енергетски фотографии.

Ваши страници

Раскажете ги на светот вашите енергетски приказни преку нашиот брз и лесен online формулар.